Од СВР Охрид со повеќе детали околу синоќешната сообраќајна незгода што се случи во 19.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека до незгодата дошло кога патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 21-годишно лице од селото Радолишта, струшко, удрило во 70-годишна охриѓанка. Во незгодата, жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во охридската Општа болница за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews