Денеска во Скопје ќе се одржи прва Парада на гордоста за поддршка на припадниците на ЛГБТИ заедницата и еднакви права на сите луѓе.

Скопје прајд е настан за да се сврти вниманието на јавноста за нееднаквоста во која живеат припадниците на ЛГБТИ заедницата со која се сооччуваат во земјата, како и против стигматизацијата и насилството на кое секојдневно се изложени нејзините членови. – истакнаа организаторите.

Првата прајд парада во светот е организирана во 1969 година.

Во исто време со Парадата на гордоста во Скопје ќе се одржи марш за промоција на традиционалните семејни вредности. Настанот е во организација на „Сојуз за живот“ поддржан од Повардарската епархија на чело со митрополитот Агатангел.

Ohr4idNews