Во Скребатно крај Охрид денеска ќе се одржи втората Ѓомлезијада – манифестација која започна минатата година со цел да се поттикне развојот на руралниот туризам.

– Традиционалните рецепти за подготовка на домашна храна, претставуваат вистинско богатство на нашите домаќинства и неисцрпна можност за туристичка промоција за градот, а промоцијата на ваквите традиционални локални специјалитети, претставува исклучителна можност за развојот на претприемништвото во руралните делови и придонес во развојот на руралниот туризам во целина, велат од Секторот за туризам и локален економски развој.

Ѓомлезијадата која има натпреварувачки карактер ќе биде збогатена со културно уметничка програма.

OhridNews