Во селото Скребатно денес се одржа традиционалната манифестација „Охридска софра“. Бројните посетители имаа можност да гледаат како се подготвува ѓомлезе, а можеа да вкусат и од бројните специјалитети карактеристични за ова поднебје.

Пред присутните се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, кој рече дека традиционалните рецепти за подготовка на домашна храна, претставуваат вистинско богатство на нашите домаќинства и неисцрпна можност за туристичка промоција на Охрид.

  • Овие простори се обдарени со божествена убавина, кои,  кога ќе се надополнат со вкусовите на специјалитетите на вештите раце на домаќинките и домаќинките, професионалните  готвачи и производителите на здрава храна, стануваат атрактивен туристички производ, кој можеме да им го понудиме на домашните и странските гости. Охрид е најразвиениот туристички центар не само во Република Македонија, туку и пошироко. Неговите културно – историски и природни реткости, ги препознал светот и затоа тие вредности се под заштита на УНЕСКО. Тоа е голема привелегија, но и голема обврска која налага да развиваме одржив локален економски  развој во сите сектори, меѓу кои е и туризмот. Токму затоа, цврсто сме определени да креираме атрактивни  пакети кои ќе бидат конкурентни пред се на странските туристички пазари, рече Стојаноски.
    Туристичко-промотивната манифестација „Охридска софра“, традиционално ја организира Локалната самоуправа.

OhridNews