Во следните неколку месеци треба да заврши комплетната реконструкција и санација на 16 училишта ширум земјава, додека до крајот на јануари 2014-та ќе биде распишан тендер за комплетна реконструкција на дополнителни осум училишта, информира вчера Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
„Кон почетокот на јануари ќе биде распишан тендер за комплетна реконструкција и санација на дополнителни осум училишта со што доаѓаме до бројка од 24 училишта кои комплетно ќе бидат реновирани во наредните неколку месеци.“ – изјави Ристовски.

Ресорниот министер додаде дека во тек е тендерот за изградба на шест монтажни училишта, а во јануари е планирано да се распише тендер за нови осум.

Како што претходно беше најавено, градежни активности ќе се вршат на основните училишта „Живко Чинго“ од Охрид, „Коле Канински“ од Битола, „Наим Фрашери“ од Врапчиште, „Ванчо Прке“ од Штип, „Братство Единство“ од Гостивар, „Кочо Рацин“ од Кратово, „Браќа Миладиновци“ од Куманово, „Маршал Тито“ од с.Муртино – Струмица, „Кирил и Методиј“ од Велес и „25 мај“ од скопската населба Ченто. Во рамките на проектот се вклучени средните училишта „Кочо Рацин“ од Велес, „Љупчо Сантов“ од Кочани, „Таки Даскало“ од Битола, „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово и „Ибрахим Темо“ од Струга.

OhridNews