Во Собранието почна средбата на лидерите на најголемите парламентарни партии во земјата – владејачките СДСМ и коалицијата, ДУИ и Алијанса на Албанците и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, партиите од Европскиот сојуз за промени… на која треба да се разговара за претседателските и парламентарните избори 2024 година, но и за евроинтеграциите и техничката влада. На средбата присуствува и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Првите луѓе на партиите се очекува да го договорат датумот за претседателските и парламентарните избори, а извесно е дека тие ќе се одржат во мај. Тие во јавните изјави веќе изразија согласност дека изборите би можеле да се одржат тогаш.
Евентуален втор круг од претседателските избори и парламентарните избори најверојатно ќе се одржат на 8 мај. Првиот круг од претседателските избори во тој случај би бил на 24 април.
Пред почетокот на средбата во изјави за медиумите веќе познатите ставови ги презентираа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоцки и на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и Скендер Реџепи Зејд…
OhridNews












