Шефот на обезбедувањето на Собранието на Република Македонија попладнево пријавил дека на првиот кат е пронајдена импровизирана експлозивна направа.
Според првичните информации, се работи за петарда со фитил залепена на плинска боца.
Случајот го истражуваат специјализираните полициски сили.
Инаку попладнево пред Собранието под силно полициски обезбедување се одржа протест на движењето „За заедничка Македонија“.
OhridNews