Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска на стариот пат Охрид – Струга, во која, како што дознаваме, смртно настрадал велосипедист.

Информацијата за сообраќајната несреќа ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Сообраќајна незгода се случи на стариот пат Охрид – Струга во близина на автобуска постојка, помеѓу автомобил и велосипедист. Увид на местото на незгодата вршат полициски екипи. – информира Димовски.

Повеќе информации за трагичниот настан се очекуваат по завршување на истрагата, која е во тек.

Г.М.