Во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечерта повредено 19 годишно лице, информираат од СВР Охрид.
На 27.09.2022 во 21.35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека околу 19 часот на кружната крстосница од улиците „15-ти Корпус“, „7-ми Ноември“, „Железничка“ и „Ристо Чадо“ во Охрид, патничко моторно возило „шкода октавија“, управувано од 54 годишно лице од Охрид, удрило во велосипед управуван од 19 годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило 19 годишното лице констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од СВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews












