На магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Песочан и Ново Село, вчера, во 09.15 часот, се случила сообраќајна незгода во која учествувал патнички автомобил „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 56-годишен охриѓанец.

Во незгодата со повреди се здобила 51-годишна охриѓанка, сопатник во возилото, на која и била укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид извршила екипа од СВР Охрид.

OridNews