На автопатот во изградба Охрид-Кичево, вчеравечер во 22.30 часот се случила тешка сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

Сообраќајната незгода се случила во близина на охридското село Подмолје, кога 20-годишен жител на селото, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews