Во сообраќајна несреќа меѓу две возила што се  случи вчера во 15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, повредени се најмалку пет лица, од кои две потешко, информираат од СВР Тетово, пренесува „Утрински“.

Во сударот учествувале “фолксваген голф 4” со италијански регистерски ознаки, “опел астра” со кумановски таблички и пеџо „207“ со охридски таблички, јавува „Курир“.

Непосредно по несреќата повредените се згрижени во гостиварската болница, од каде информираат дека од вкупно пет, колку што се примени на урегентното одделение, две лица, како итни случаи се испратени на скопскиот Клинички центар. Исто така, извршен е увид од надлежните служби.

OhridNews