Во тешка сообраќајна несреќа која се случила попладнето во 16 часот и 40 минути на патот Штип – Радовиш тешко повреден е светски познатиот музичар Зоран Маџиров од Струмица.
Како што пренесуваат медиумите, тој со своето патничко моторно возило марка „Мерцедес“ се забил во камион цистерна со кумановски регистерски таблички кој бил превртен на патот. Морале да интервенираат пожарникари за да го извлечат повредениот струмичанец од возилото. Поради сериозноста на повредите тој е хоспитализиран на Клиничкиот центар во Скопје. Оттаму информираат дека возачот е во тешка состојба, има повреди на главата и најверојатно на градите, јави тв Телма.
Поради тешката сообраќајна несреќа патниот правец Штип – Радовиш вечерва повеќе часови беше во прекин.
OhridNews