Во сообраќајна несреќа повредена седумнаесетгодишна охриѓанка
26.07.10 15:16
Вчеравечер, околу 19 часот и 45 минути, на улицата Марко Цепенков се случила сообраќајна несреќа, во која со тешки телесни повреди- скршеница на левата подколеница се здобила седумнесетгодишна девојка од Охрид. Девојката била сопатник на велосипед со мотор. Повредената за кратко време, со брза помош била пренесена во болницата “Св Еразмо”, каде е задржана за понатамошно лекување. Лицето кое управувало со велосипедот со мотор се здобило со лесни телесни повреди.
До незгодата дошло кога велосипедот со мотор започнал да заобиколува паркирано моторно возило, при што се судрило со патничко моторно возило Пежо 306. Од силината на ударот и по инерција, велосипедот со мотор се придвижил нанапред и се удрил и во автомобил “Лада нива”.
Увид на лице место изврши полициска екипа од СВР Охрид и дежурен истражен судија од Основниот суд Охрид.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) работи на проширување на коловозот на патниот правец Р2234, од селото Долно Татеши до селото Мислодежда, струшко во должина од 3500 метри и вредност о...
Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка на поетот Н...
Поради два одделни настанати дефекти, прекин во водоснабдувањето има во сЉубаништа и на улиците „Асном”, „Сирма Војвода” и „Карпош Војвода”, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочу...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.