На магистралниот пат Охрид–Кичево, вчера во 5.30 часот, се случила тешка сообраќајна незгода во која е повредено едно лице. Сообраќајната незгода се случила кога патничко возило „Сузуки свифт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 31-годишен охриѓанец, излетало од патот и се превртело. Притоа, 67-годишно лице од Охрид, сопатник во возилото, се здобил со тешки телесни повреди.
Повредениот бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews












