Во сообраќајна незгода што се случи попладнево во 16.05 часот на патот Охрид-Струга во блзина на Евро Хотел, повредено е едно лице.
Во сообраќајната незгода учествувал моторцикл и патничко моторно возило со струшки регистарски таблици. Во незгодата, моторциклистот се здобил со потешка повреда на дланката и полесни повреди на телото, по што е пренесен во болницата „Св. Еразмо“.
Извршен е увид со цел да се утврдат причините поради кои дошло до сообраќајната незгода.
OhridNews












