Синоќа, во 22 часот, на пресекот помеѓу булеварот „Железничка“ и улицата „Егејска“, дошло до сообраќајна незгода во која патничко моторно возило со охридски регистарски таблици удрило во велосипедист, роден 1981 година во Македонски Брод.

Велосипедистот со фрактури по телото и нагмечувања бил пренесен во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и како што информираат од СВР- Охрид се наоѓа вон животна опасност.

Увид е направен на лице место и се очекува да биде поднесена кривична пријава против возачот на патничкото возило.

OhridNews