Утрово, во 4.30 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на село Српци, се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски таблици управувано од 42-годишен охриѓанец и патничко возило „Киа Соренто“ со скопски регистарски таблици, управувано од 25-годишно лице од Скопје.

Во незгодата возачот на „БМВ“-то, 42-годишниот охриѓанец А.Р. починал на самото место, додека со тешки телесни повреди се здобила 36-годишната сопатничка  Р.С. од Охрид. Со телесни повреди се здобил и вториот сопатник во возилото, 41-годишниот Е.С. од Охрид.

Во сообраќајната незгода повреден е и возачот на автомобилот “Киа соренто“. Повредените биле пренесени во болницата во Битола за укажување на лекарска помош.

Од страна на СВР-Битола на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews