На 08.06.2025 околу 18.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул. „Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од 48 годишно лице од Република Србија и велосипед управуван од 70 годишно лице од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница во Охрид, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

OhridNews