Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против 54- годишен жител на струшкото село Лабуништа.

При претрес во неговиот дом во Лабуништа, криминалистичката полиција пронашла една автоматска пушка од кинеско производство и една рамка со 28 куршуми за истото оружје калибар 7,62 милиметри. Дополнително, пронајдена е и една воздушна пушка за што ќе биде поднесена прекршочна пријава согласно законот за оружје.

Оперативците огненото оружје го пронашле во спалната соба под креветот, додека рамката со муниција е пронајдена во плакарот во истата соба. Пријавениот оружјето и муницијата нелегално ги чувал во својот дом во Лабуништа односно ги  поседувал без  никаква документација.

Одземените предмети се испратени на вештачење во министерството за внатрешни работи во Скопје.

OhridNews