Откако голем дел од граѓаните не ги почитуваа препораките и мерките преземени од надлежните за спречување на ширење на коронавирусот во Србија, претседателот Александар Вучиќ воведе полициски час. Со тоа се забранува движење на сите од 20 до пет часот наутро, а посебни забрани се воведени за лицата над 65 години.

На лицата постари од 65 години им е забрането да излегуваат надвор во градовите, а во селските средина на жителите кои се со над 70 години. Ноќе на улица ќе можат да излезат само оние луѓе кои работат трета смена.
Како што изјави Вучиќ,, ваквите ригорозни мерки следуваат откако 1.763 луѓе кои би требало да бидат во изолација не биле пронајдени дома. Најголемиот број заболени се во Белград, Кикинда, Ниш и Чачак.

Кафулињата и натаму работат доколку го обезбедат потребното растојание меѓу гостите. Српскиот претседател изјави дека намирници ќе има доволно.

Според последните информации, во Србија има 72 случаи на коронавирус.

OhridNews