Во среда акција за подигнување на кабасат отпад. Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ акцијата за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) ќе се спроведе во село Пештани.

Жителите од ова село ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 30.03.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.

OhridNews

фото.Архива