Во среда, 30 септември, ќе се одржат 15-тата и 16-тата седници на Советот на Општина Охрид со почеток во 9 и 10:00 часот.

На првата седница на дневен ред се 20 точки меѓу кои годишен план за вработување на ЈП„Градски пазар“, изменување на одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид, избор на најповолен приватен партнер за јавно приватно партнерство за поставување на фотоволтаични централи на општински објекти на подрачјето на општина Охрид…, додека на втората се советнички прашања.

Детали за дневниот ред на 15-та седница на линкот.

OhridNews