На 20-ти ноември, среда, на репертоарот на охридскиот Народен театар е претставата „Аналфабет“, комедија работена според текст на Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Почеток на претставата е во 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

*Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

OhridNews