Претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески ја закажа дваесет и осмата седница. Советниците ќе расправаат и одлучуваат по 39 предлог-одлуки.
Предлог Буџет на единицата на локална самоуправа Охрид за 2011 год, предлог- одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 год, предлог одлука за усвојување на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2011 година- се само дел од вкупно 39- те точки кои ќе се најдат на дневен ред на седницата.
Седницата ќе се одржи на 29 декември (среда) со почеток во 10 часот.












