Најголемиот автопревозник АД „Галеб“ -Охрид, во среда, 8-ми октомври воведува две нови градски линии кои ќе ги поврзат периферните делови од градот со централното подрачје.

Првата линија ги опфаќа: населбата „Гоце Делчев (Бараки), Стобекс – Видобишта, улица 7- ми Ноември, булевар Туристичка (Од зграда Печијаре до кружниот тек на пресекот со улица АСНОМ), Општа болница, Момчило Јорданоски.

На втората линија автобусите на „Галеб“ ќе сообраќаат од Меѓуградска автобуска станица, булевар Железничка, булевар Туристичка (Плаво бели згради), улица Јане Сандански (Гимназија), Питу Гули – автобуска станица, односно булевар Железничка.

Автобусите на „Галеб“ на споменатите линии ќе возат по симболична цена од само 20 денари.

Воведувањето на двете нови градски линии ќе им овозможи на граѓаните на Охрид од поодалечените населби подобра комуникација со центарот на градот, и ќе им го олесни секојдневното движење до работа, школо, пазар или чаршија.

OhridNews