Во организирана акција, синоќа Секторот за внатрешни работи Охрид, откри организирана група во вршење на проституција и пронајде околу 3 килограми опојна дрога марихуана.

Во рамките на акцијата, бил извршен претрес во станот на 48- годишен охриѓаанец каде во момент на одавање на проституција, во спалната соба биле затекнати две лица од Ботевград, Република Бугарија и Велешта. Во останатите простории од станот, затекнати биле уште три лица од Велешта, Македонска Каменица и од градот Сливен- Република Бугарија.


Во машината за перење во тоалетот, пронајдени се  три паковки со опојна дрога марихуана. Сокриените опаковки, облепени со селотејп лента, биле внимателно  завиткани помеѓу алиштата во машината. Пронајдени се и пари, мобилни телефони и други предмети кои се одземени и предадени на вештачење во министерството за внатрешни работи во Скопје.


Сопственикот на станот, охриѓанецот, и претходно бил кривично пријавуван и осудуван. Тој и е добро познат на службата, а против него од страна на СВР Охрид досега поднесени се неколку кривични пријави поради постоење на основи на сомнение за сторени  кривични дела измама, тешка кражба и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. 

По целосно документирање на случајот, Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе поднесе соодветна кривична пријава.

OhridNews