Пет млади лица утрово загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу три часот на „Јужен булевар“ во близина на „Рампа” во Скопје, јавува МИА, пренесува „Телма“. 

Според полицијата, патничкото моторно возило „БМВ” со кое се превезувале петте лица, со иницијали, А.С., Б.С., Г.Ѓ., Ж.К. и Ф.Б., сите на возраст од 27 и 28 години изгубило контрола и излетало од патот.

Возилото удрило во подрумските простории на објектот на Пазарната инспекција, при што од ударот сите лица починале на лице место.

Полицијата сè уште врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.

OhridNews