Меѓународната тркалезната маса „Активно учество на етничките заедници ранливи на расна дискриминација во Западен Балкан“ посветена на проблемот како да се вклучат етничките заедници подложни на расна дискриминација во јавниот живот во земјите во Западен Балкан, се одржува викендов во Струга. Ова е шеста тркалезна маса која се реализира во пет земји во регионот (Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија)На меѓународната тркалезна маса присуствуваат педесетина учесници и претставници од Владата на Република Македонија, Европската комисија и ОБСЕ, невладините организации, претставници на Народниот правобранител од земјите од Западен Балкан и академски институции од земјава.











