Според податоците на ОИК до 17 часот во Струга гласале 21,5 проценти од евидентираните избирачи. Изборниот процес во општината тече во демократска атмосфера и без пречки, соопшти ОИК.
Од друга страна набљудувачите на невладините МОСТ и Цивил известија за одредени изборни нерегуларности, а поплаки има и од граѓани кои се пожалија дека не биле информирани за извршни промени на местата за гласање.
OhridNews