Во рамки на Меѓународната конференција за меѓукултурен дијалог кој деновиве се одржува во Струга, формирана е Меѓународна Мрежа на организации за права на малцинствата. Целта на мрежата е да се создаде платформа за сите организации кои работат во областа на човековите права и малцинските права.

На конференцијата присутни се над 70 учесници од повеќе од 30 земји од Европа кои расправаат за мултикултурализмот, прашањата поврзани со национализам, како ефикасно да се воспостави вмрежување на граѓанскиот сектор со релевантните чинители, влијанието на медиумите врз сегашните случувања во Европа, анализа  и дискусија за постигнатите резултати од релизирањето на Декадата на Ромите.

Конференцијата е организрана од страна на Здружение Центар за меѓукултурен дијалог од Куманово во соработка со меѓународната мрежа UNITED.

Конференцијата е финанскиски  поддржана од страна на Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, Советот на Европа, Група за малцински права, Матра Фондација од Министерството за надворешни работи на Холандија.

OhridNews