195 лица болни и изнемоштени и 5 Ковид позитивни се пријавени за гласање во Струга денес. Во избирачкиот список во Струга се запишани за гласање 61 437 во 101 избирачно место. Во Струга нема промени на избирачките места, велат од ОИК Струга.

Во Вевчани пријавени за гласање се две болни и немоќни лица, додека Ковид позитивни пријавени за гласање нема. За гласање на избирачкиот список се запишани 2075 лица, а се гласа на 3 избирачки места. Нема промени на избирачките места  од последните одржани избори велат од ОИК Вевчани.

Н.С.Ј.