Во организација на Министерството за труд и социјална политика денес во Струга ќе се одржи јавна дебата на која ќе се разгледа Националната стратегија за еднаквост и недискриминација, која се подготвува од страна на МТСП како подршка на процесот на ефективната имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Јавната дебата се организира со цел да се споделат и разменат предлози, сугестии и искуства помеѓу различни претставници на национални и локални институции, граѓанскиот сектор и меѓународни организации во Република Македонија, а во врска со предлог стратешките области и активности коишто треба да бидат дел од стратегијата, што треба да биде усвоена од Владата на Република Македонија до декември 2011 година.












