Во организација на Локалната агенција за развој – Струга во сабота, 14- ти мај,  со почеток во 18 часот во хотел Дрим ќе се одржи јавна дебата на тема „Религиска толеранција – влијание врз идентитетот и меѓуетничките конфликти“. 

Дискутант на дебата ќе биде проф. д-р Татјана Стојаноска од Институтот за социологија при Филозофски факултет – Скопје.

„Праксата и досегашното искуство покажуваат дека клучни механизми кои допринесуваат за јакнење на соработката меѓу различните конфесии и надминување на негативните појави, кои несомнено се дел од нашето секојдневие се, пред се’, оние религиски вредности кои се дел од религиските учења на големите, универзални религиски системи. Конкретно, во нашата држава, Христијанството и Исламот, како доминантни религии, содржат и прокламираат вредности кои несомнено влијаат позитивно во меѓусебната соработка и позитивно ги насочуваат своите верници во комуникацијата со припадниците на другите религии. Пред се’, овие религии се големи етички системи и прокламирајќи ја првенствено толеранцијата, како една од врвните вредности, овие религии се наметнуваат како значаен фактор за стабилноста во државата.“ – проф. д-р Татјана Стојаноска.

OhridNews