Младинскиот центар е дел од проектот “ Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците ”, финансиран од Шпанската влада преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели, а целосната поддршка е на УНИЦЕФ во имплементација на Форум ЗФД.
Целта на отварањето на центарот е зајакнување на односите помеѓу заедниците и развој на младите во општеството преку креативни активности како дел од целите на проектот.