Според најавите на премиерот Никола Груевски, во програмата на владата предвидена е изградба на уште седум слободни економски индустриски зони во земјава, меѓу кои и една во Струга.

Груевски рече дека подоготовките се при крај и до почетокот на ноември ќе почне изградбата на економските зони во Струга, Кичево, Прилеп, Гевгелија, а најдоцна до април следната година и во Радовиш, Струмица и Ранковце.

– Ќе дојде до нови инвестиции што ќе претставува и сериозен ангажман на градежниот сектор во Македонија, бидејќи станува збор за посериозни градежни зафати кои ќе одземат две или три години, но ќе значат и можност за многу нови крупни компании да дојдат, да се стационираат  во некоја од овие зони и да вработат многу луѓе од целот регион на зоната, рече Груевски.

OhridNews