Денеска во Струга ќе започне дводневна работилница на тема „Подготовка и унапредување на текстот на предлог наративниот дел на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016 – 2019“.
На работилницата ќе учествуваат претставници од институциите директно вклучени во изготвувањето и имплементацијата оваа државна програма како што се: Собранието на РМ, Владата на РМ, Министерството за правда, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија, Министерството за локална самоуправа, Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија, Управата за јавни приходи, Бирото за јавни набавки, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Судскиот совет на РМ, Советот на јавните обвинители на РМ, ЗЕЛС, граѓанските организации МЦМС и Центарот за граѓански комуникации, Стопанската комора на РМ, Сојузот на стопански комори на Македонија, Бизнис конфедерација на Македонија и Претставник на делегацијата на РМ во ГРЕКО.
На работилницата ќе се презентира текстот на наративниот текст Државната програма 2016-2019 изготвен од ДКСК со стручно мислење од меѓународниот експерт Руслан Стефанов од Институтот за изучување на демократијата од Бугарија и на истата се очекуваат предлози и мислења од претставниците од институциите во насока на унапредување на предлог текстот.
OhridNews