На 18 и 19 септември во Стругa ќе се одржи Десеттото советување за водостопанство и хидротехника, од меѓународен карактер.
На настанот кој е во организација на Македонскиот комитет за големи брани, ќе се говори за институционалната поставеност, законската регулатива, администрирањето и стопанисувањето со водите, управувањето со водите во услови на климатски промени и екстремни хидролошки услови, расположливите водни ресурси, потребите од вода, ерозија, нанос и седиментација, заштита од ерозија, одбрана од поплави и заштита од суши и друго
OhridNews