На 4 јули, петок, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга ќе започне манифестацијата „Струшки книжевни средби“.

Во рамки на манифестацијата ќе биде отворена Изложба на фотографии од Петар Ставрев од Битола, а посетителите ќе имаат можност да го проследат и настапот на групата Егзил.

Во рамки на програмата, ќе се изврши промоција на наградените книги „Куќички“ од Марина Мијаковска – добитник на наградата „Крсте Чачански“ за 2014 година и „Прашалник“ од Христо Петрески – добитник на наградата „Јован Котески“ за 2014 година, а по конкурсот што по четврти пат го распиша здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга, книжевен збор за добитниците ќе одржат Тоде Илиески, Витомир Долински, ќе се читаат фрагменти од наградените дела, а ќе бидат доделени и наградите.

OhridNews