Во петок, 14 ноември, во хотелот Инекс Дрим, во Струга, ќе биде промовирано отворањето на Бизнис центарот, кој ќе работи во рамките на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Формирањето на Бизнис центарот за поддршка на малите и средни претпријатија, е технички и финансиски помогнато од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации- УНДП.

На настанот се очекува да присуствуваат и министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, претставникот на канцеларијата на УНДП, Алесандро Фракасети од Скопје и претседателот на Советот за развој на ЈЗПР, Зиадин Села.

OhridNews