На Конференцијата ќе имаат излагања експерти како и претставници на различни локални и национални институции, а Конференцијата ќе ја отвори Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.
Конференцијата се организира како дел од меѓународен проект кој моментално се реализира од страна на ЦМД а е подржан од страна на Европската Комисија односно Програмата Млади во Акција. Проектот има за цел да направи промоција на меѓурелигиското учење во младинската работа. За таа цел, во тек е Семинарот за меѓурелигиски дијалог. Учесници се 30 претставници од различни земји од светот како што се: Македонија, Албанија, Косово, Србија, Грција, Хрватска, Словенија, Полска, Шпанија, Франција, Летонија, Австрија, Ирска, Турција, Унгарија, Италија,Палестина, Израел, Јордан,Русија, Шведска, Украина, Грузија, Азербејџан, Египет. Тема на семинарот е меѓурелигиски дијалог во младинската работа и неформалното образование.