Утре, петок, во Центарот за култура „Бракја Миладиновци” во Струга со почеток во 18 часот ќе се одржи музичкиот перфоманс „Еволуција на музиката од среден век до модерно време”, перфоманс за мултикултурно и мултиетничко соединување. Станува збор за проект кој се реализира со грант на „Декада на припадност-славење на различностите”, а преку здружението за развој на културно-уметнички вредности ТАКТУС од Охрид во соработка со Државното музичко училисте “Тодор Скаловски-Тетоец” од Струга.

Проектот претставува едукативен музицки перформанс за развојот на музиката низ вековите, а во него ке земат уцство уценици од разлицни културни и етницки групи. Целта на проектот е да показе пример за мегјуетницка соработка, комуникација, разбиранје и  славенје на разлицностите преку универзалниот јазик-МУЗИКАТА.

Проектот е финансиран од Европската унија, Локалната Агенција за развој од Струга и ЗГ Креативни и активни Струга.

OhridNews