29-годишно лице од Поградец, во струшката полиција пријавило физички напад од страна на едно познато и уште неколку непознати лица. Лицето од Поградец, кое било новинар, било нападнато за време на дебата организирана од политичка партија, што се одржувала во хотел Дрим, а учествувало по претходна покана. Лекарска помош му била пружена во Здравствениот дом во Струга.
Едно од лицата кое е познато, било повикано во полициска станица и со него е извршен разговор и ќе биде поднесен соодветен поднесок. Се работи на идентификација на останатите учесници во нападот.
OhridNews












