ПС Струга поднесе кривична пријава против А.С. од с.Ливада- струшко, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во април 2011 година, извршен е претрес во домот на пријавениот, каде е пронајдена и запленета помала количина  дрога „марихуана“ .

СВР Охрид, пак  поднесе посебен извештај против Б.Т. од Охрид, сопственик и управител на ресторан во Охрид, за сторени кривични дела „повреда на правото од работен однос“ и „повреда на правото на социјално осигурување“. Во периодот од ноември 2010 до февруари 2011 година, пријавеното лице aнгажирало четворица работници без да склучи договор за работа, со што им било оневозможено правото на задолжително пензиско, инвалидско и здравствено осигурување, како и надоместок за ноќен труд и прекувремена работа. Исто така на работниците од ресторанотне им било дозволено користење на неделен одмор и не биле подмирени трошоците за извршените санитарно-здравствени прегледи, информираат од МВР.

OhridNews