Од денес до 14- ти април,  во Хотел Дрим во Струга, се одржува Обука  на тема меѓу религиски дијалог. На обуката учествуваат 30 учесници од 29 различни држави меѓу кои: Албанија, Австрија, Азербејџан, Хрватска, Египет, Франција, Џорџија, Унгарија, Ирска, Италија, Јордан, Косово, Латвија, Мароко, Македонија, Црна Гора, Палестина, Полска, Русија, Србија, Словенија, Шпанија, Шведкса, Турција, Данска, Франција, Сведска и Украина.

Тема на оваа обука е меѓурелигиски дијалог во  младинската работа и употребата на  неформалното образование. Целта е да се дискутира   и разменат искуства за меѓеурелигиски дијалог. Примената на меѓурелигиското учење во младинската работа  на локално, национално и меѓународно ниво.

 Обуката се организира од страна на невладината организирација Центар за меѓукултурен дијалог(ЦМД) од Куманово. ЦМД е организација која  активно работи на меѓукултурен дијалог, младиснко учество и волонтеризам на локално, национално и меѓународно ниво преку образовни програми. Обуката е дел од проект кој е поддржан од страна на Европската Комисија, поточно програмата Млади во Акција.

OhridNews