Заврши акцијата која оштина Струга, во соработка со МВР, и екипи на ЕВН ја спроведе за отстранување на нелегално поставените приклучоци за струја по кејот на реката Црни Дрим и во струшката чаршија. Акцијата се спроведуваше во текот на два дена под силно полициско обезбедување. При тоа беа отстранети неколку стотина метри кабли и десеттина диви приклучоци.

– Ги отстранивме сите подземни и надземни кабли, од кои голем број висеа и над реката Црн Дрим. Слична акција спроведовме и во месец септември, по што беа забележани повторни нелегални приклучувања. Поради празникот Водици и поголемата сигурност на посетителите и денес наши екипи повторно ќе извршат увид, а контролите ќе продолжат и во идниот период, велат од општина Струга.

Против шест сопственици на шанкови, струшката локална самоуправа  има поднесено барање за спроведување постапка до Основниот суд во Струга за нелегално користење на струја од околните бандери.

OhridNews