Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, утре, 3- ти јули, со почеток во 20.00 часот, по седми пат ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал “ФОЛКЛОРЕН МОСТ“.

Пред почетокот на официјалниот дел на фестивалот, во 19 часот, ќе претходи дефиле на учесниците по струшката чаршија.

На манифестацијата ќе учествуваат околу стотина фолклористи од Хрватска, Србија, Бугарија, Литванија, Македонија, кои преку песни и игри ќе ги претстават фолклорните одлики на своите краишта.

OhridNews