Во Центарот за култура во Струга, во соработка со Анимаџ Скопје Аниматион Фестивал, од 8 до 12 јули, ќе биде организирана програма на фестивалот, на која ќе бидат прикажани, филмови, победници на „Анимакс Скопје фест“ од 2011 и од 2012 година, и филмови, добитници на специјални награди на фестивалот.

На програмата ќе бидат прикажани и филмови од официјалната програма на фестивалот од 2012 година.

Станува збор за особени филмски остварувања од уметноста на анимацијата, од повеќе земји, со карактеристичен и вондреден уметнички израз .

Проекциите се закажани за 20 часот.Влезот е слободен.

OhridNews