Се работи за роман-хронологија, а промотори на книгата се Мерсиха Исмајлоска и Петко Шипинкароски.
Евда Попоска е родена 1942-та година во охридското село Лескоец, а живее во Струга. Во современата Македонска литература се појавува во 1992-ра година со својот прв роман ,,Филомена”. Потоа следува романот „Ева” (1997) , „Тодора” (1999), „Флорида”, „Црвениот трендафил” (2002), „Лушпа од кромид” (2003), „Лице и опачина“ , и „Разговори под брезата”.