Во близина на поранешната фабрика „Стружанка“ во Струга, деновиве од страна на жител била пронајдена артилериска распрскувачка граната од 75 милиметри, со ознака Ѕ-1 од германско производство, која потекнува од Првата Светска Војна.

На лице место излегла увидна екипа од полициската станица од Струга која извршила фотографирање, а гранатата е подигната од страна на вработен од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

OhridNews